Репрезентацијата на Ирак приреди изненадување и ја совлада Украина со 2-1 (0-0) во првото коло од групата Б на Олимписките игри. Ирачаните одиграа одлично второ полувреме и заслужено ја изненадија европската селекција, освојувајќи ги првите три бода на турнирот.
Хусен и Јасим беа херои за Ирак, додека стрелец на почесниот гол за Украинците беше Рубчински. Изненадувачки, по комплетирањето на првата рунда, лидери во групата се Ирак и селекцијата на Мароко, која претходно во контроверзен меч ја совлада Аргентина со 2-1.