Шампионот Манчестер сити и Тотенхем немаат милост кон никого и со по пет гола ги наполнија мрежите на Фулам односно Барнли, ама повторно хит во англискиот фудбал е Челси со нов очаен резултат – пораз од Нотингем Форест во Лондон.
Челси потроши една милијарда евра на засилувања, имаше рекордно расфрлање на пари за нови фудбалери, но резултати нема, а срамотилаците продолжуваат, зашто прескапиот тим од Лондон наместо да покажува напредок, игра се поочајно.
Еланга во 48-та минута даде гол вреден три бода за „шумарите“, и ја продлабочи мизеријата на Челси, кој од четири натпревари има едвај четири бода и само еден триумф, па Тед Боели е за потсмев со расфрлањето на купишта пари. Само што почна сезоната, а неговиот клуб веќе ги загуби шансите за титула која најавуваше дека ќе ја освои.
Првакот Манчестер сити со 5-1 го здроби Фулам за петфектни четири од четири и 12 бода како лидер. Ерлинг Халанд даде хет-трик, а Хулијан Алварез и Нејтан Аке ја обезбедија победата уште во првото полувреме.
Тотенхем безмилосно го збриша Барнли на гостувањето со победа со 5-2 со хет-трик на Сон и по еден гол на Кристијан Ромеро и Џејмс Мадисон, за 10 бода на лондончани при самиот врв, колку што има и Вест Хем, кој славеше вчера кај Лутон.
Брентфорд и Бормут ремизираа 2-2, како и Шефилд јунајтед и Евертон.