Фудбалската репрезентација на Шпанија без поголеми проблеми, со фантастична игра и убедлива победа, во Келн ја совлада Грузија (4-1) и се пласира во четврт-финалето на ЕП 2024 во Германија.

„Црвената фурија“ ја оправда улогата фаворит, иако противникот прв поведе и тоа без да постигне гол, с автогол си даде Робин Ле Норман во 18. минута.

Тоа малку како да ги збуни избраниците на Де Ла Фуенте, кои изедначија дури пред крајот на полувремето и тоа со голот на Родри со извонреден удар од далечина.

чен удар стрела за израмнување.

Во вториот дел работите си дојдоа на свое место, па Шпанците со головите на Руиз, Нико Вилијамс и на Олмо дојдоа до убедлив триумф.

 

Шпанија е четвртиот патник во четврт-финалето на ЕП, а за пласман во полуфиналето ќе ги одмери силите со домаќинот Германија.