На Хари Кејн не му требаше многу да се прилагоди во Баерн Минхен и да покаже зошто е толку скапо засилување. Англичанецот стигна до 19 голови во Бундеслигата, вкупно 23 во сите натпреварувања за германскиот тим.
Со головите на Кејн во 14. и 44. минута, Баерн Минхен имаше водство од 2-0 по првото полувреме против Хајденхајм.
Следуваше блицкриг на гостинскиот Хајденхајм со головите на Клеиндиенст во 67. и Бесте во 70. минута го изедначи резултатот на 2-2.
Но, нерешениот резултат не траеше долго, Гереро во 72. минута го врати водството на Баерн, а конечните 4-2 ги постави Чупо Мотинг пред самиот крај на натпреварот.
Борусија Дортмунд со гол на Фулкруг во 36. минута поведе во Штутгарт, но домаќините брзо изедначија со погодокот на Ундав.
На седум минути пред крајот на мечот Гуираси постигна гол од пенал за комплетен пресврт и победа на Штутгарт од 2-1.
Во другите пресметки Аугсбург одигра 1-1 против Хофенхајм, нерешено без голови заврши и дуелот меѓу Дармштад и Мајнц.