Селекцијата на Англија со 2-0 ја победи Малта. Англичаните немаа проблеми против Малта, два гола им беа доволни за победа и три бода.
Англичаните дојдоа во водство, уште во осмата минута со автогол на Пепе. Тој резултат беше актуелен се до 75. минута кога Хари Кејн зголеми на 2-0.
Англија постигна и трет гол, но голот на Деклан Рајс беше поништен поради офсајд.
По овој натпревар Англичаните се селат во Скопје каде во понеделник го играат последниот меч од квалификациите против Македонија.
Словенија загуби со 2-1 на гости во Данска, па во последното коло на свој терен против Казхстан ќе решава за пласманот на Европското првенство.
Словенците имаат бод повеќе од Казахстанците, ако не го загубат тој дуел ќе се пласираат на континенталниот собир.
Дуелот меѓу Полска и Чешка заврши без победник 1-1.