Фудбалерите на Наполи се вратија како лидери во Серија А лигата со предност од 3 бода пред Милан, откако вечерва на домашен терен го прегазија Лацио со убедливи 4:0 во дербито на 14. коло во италијанското првенство.

Извонредната партија на домашните и атакот на 11-тата победа ја најавија Жиелински и Мертенс уште по само 10 минути игра, кога резултатот веќе беше 2:0 за Наполи.

Не помина долго време и за втор гол за Мертенс кој во 29. минута на домашните веќе им обезбеди предност и од 3:0.

Конечните 4:0 беа дело на Фабиан Руиз со еден прекрасен гол во 85. минута. Нашиот Ељиф Елмас влезе во игра во 64. минута на мечот.

Standings provided by SofaScore LiveScore