Фудбалерите на Марсеј славеа со 2:1 против ПАОК во четвртфиналето на Конференциската лига, а натпреварот го одбележа спектакуларниот гол на Димитри Пајет. Францускиот офанзивец погоди за 2:0.
Пред самиот крај на полувремето Марсеј доби корнер од десната страна, а на асистенција на Ундер, Паје со силен волеј удар го постигна еден од најубавите голови оваа година. Дури и соиграчите на 35-годишниот Французин по овој удар се фатија за глава. Тоа е негов 13 гол сезонава, има и 12 асистенции.