Во најинтересниот меч од 1/4-финалето во Лигата на Европа вечерва, екипата на Барселона остана непоразена на гостувањето во Германија против екипата на Ајнтрахт (Ф) благодарение на голот на Феран Торес во 66. минута.
Германците одиграа одличен меч и на самиот почеток на второто полувреме со голот на Кнауф поведоа со 1:0, а само минута подоцна имаа 100% шанса и за 2:0.
На крајот Каталонците извадија реми и како фаворити ќе го дочекаат реваншот на „Камп Ноу“.