Србинот стана првиот играч во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот кој успеал да постигне повеќе од 2000 поени, 1000 скока и 500 асистенции во една сезона!
Јокиќ блескаше против Мемфис и покрај тоа што на стартот на мечот заработи незгодна расекотина на главата по жесток удар од противникот.
https://twitter.com/HarrisonWind/status/1512239088124014642?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1512239088124014642%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fsport%2Fkosarka%2F3909019%2Fnikola-jokic-denver-dabl-dabl-rekord-istorija-nba-liga-glava-krv-povreda-kosarka-memfis
Тој се врати на теренот и им донесе триумф на Нагетс кој ги однесе директно во плејофот во НБА лигата.
Кошаркарите на Мемфис не го поштедија Јокиќ. Џерен Џексон Јуниор брутално го удри со лактот во главата на самиот старт на натпреварот, па Србинот се здоби со сериозна расекотина. Никола мораше да биде на клупата за лекарскиот тим да го запре неговото крварење. Сепак, тоа не го вознемири. Тој се врати на теренот со црвена лента на главата и им сервираше на Гризлис сурова одмазда.
За 35 минути игра постигна 35 поени, забележа 16 скока, шест асистенции, четири украдени топки и една блокада.
https://twitter.com/nuggets/status/1512269041070600193?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1512269041070600193%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fsport%2Fkosarka%2F3909019%2Fnikola-jokic-denver-dabl-dabl-rekord-istorija-nba-liga-glava-krv-povreda-kosarka-memfis
Со тоа тој стана првиот кошаркар во историјата на НБА лигата кој во регуларниот дел од сезоната има најмалку 2.000 поени, 1.000 скока и 500 асистенции.
Покрај Јокиќ се истакна и искусниот Арон Гордон со 22 постигнати поени.
Од друга страна, подобар од останатите во редовите на Мемфис беше Дезмонд Бејн, кој дуелот го заврши со 14 поени.
Нагетс со овој триумф го обезбедија шестото место на Западот и директен пласман во НБА плеј-офот. На еден натпревар пред крајот на регуларниот дел од сезоната има 48 победи и 33 порази, односно недостижна предност во однос на седмопласираната Минесота.