Филаделфија го совлада Торонто со 104-101 на гостински паркет и тоа благодарение на тројката на Жоел Ембид на 0,8 секунди до крајот на продолжението.

Центарот на Сиксерс го заврши натпреварот со 33 поени и 13 скока и му помогна на својот тим да се врати од негатива од 17 поени. Џејмс Харден имаше 19 поени и 10 асистенции. ОГ Ануноби беше најефикасен кај Торонто со 26 поени. Филаделфија има водство од 3-0 во меѓусебната серија во првата плејоф рунда, а четвртиот натпревар повторно се игра во Торонто.

 

Демар Дерозан со 41 поен го предводеше Чикаго до победа од 114-110 на гости кај шампионот Милвоки за да ја израмни серијата на 1-1. Тој имаше огромна помош во Никола Вучевиќ со 24 поени и 13 скока, додека Зек Левин имаше 20 поени. Јанис Адетокумпо очекувано беше најдобар кај Бакс со 33 поени, 18 скока и 9 асистенции.

 

Бостон поведе со 2-0 против Бруклин со победата од 114-107. Селтикс се вратија од негатива од 17 поени, а најдобар поединец беше Џејлен Браун со 22 поени, а Џејсон Тејтум имаше 19 поени. Кевин Дурент кај Нетс го заврши натпреварот со 27 поени, а слаба вечер имаше Ирвинг со само 10 постигнати поени.