Лос Анџелес Лејкерс оствари минимална победа со 132-131 над Торонто Репторс во неизвесен дуел, Далас пак на свој терен беше поразен од Мемфис со убедливи 120-103.

Ентони Дејвис имаше фантастична партија, постигна 41 поен, имаше и 11 скокови, беше главниот играч на Лејкерс во победата над Торонто.

Овој натпревар беше неизвесен и во ниту еден момент немаше двоцифрена предност за некој од тимовите. Двете екипи се менуваа во водство, Лејкерс беше подобар во завршницата и на крајот победи со 132-131.

Покрај Дејвис, одличен беше и Леброн Џејмс кој постигна 22 поени, имаше и 12 асистенции. Во тимот на Торонто Барнс даде 26 поени, Сиакам имаше 25.

Одличните изданија на Ирвинг и Дончиќ не помогнаа Далас да дојде до победа против Мемфис. Маверикс го загубија мечот со убедливо 120-103.

Најефикасен во составот на Далас беше Ирвинг со 33 поени, Дончиќ постигна 31, но двете ѕвезди немаа поддршка од останатите соиграчи. Најефикасен кај Мемфис беше Бејн со 32 поени.