Македонскиот фудбалски интернационалец Давид Тошевски се врати во тимот на Австрија Клагенфурт и одлично се претстави пред навивачите по позајмицата во Хрватска.
Македонецот беше позајмен во хрватскиот клуб, а на првиот пријателски натпревар по враќањето во Австрија, имаше блескав настап. Австрија Клагенфурт го победи Трајбах со 10-0 во првиот натпревар од пријателските дуели.
Тошевски стартуваше од првата минута, а постигна хет-трик во временски интервал од 20 минути. Македонскиот 22-годишен напаѓач реализираше голови во 14-та, 17-та. и 34-та минута од пријателскиот натпревар. На полувреме, Тошевски заедно со уште осум играчи беше сменет.
Се очекува Тошевски да остане во Австрија Клагенфурт во новата сезона.