Инаки Вилијамс во 33. минута погоди за водство на Атлетик од 1-0, по што домаќинот продолжи да врши притисок врз противничкиот гол, меѓутоа не успеа да постигне втор погодок.
https://twitter.com/rfef/status/1643339790505451520?s=20
Казната за промашените шанси стигна во 116. минута, кога Пабло Ибанез погоди за 1-1 и така ѝ обезбеди финале на Осасуна, која победи во првата полуфинална средба со 1-0.
https://twitter.com/rfef/status/1643368499732008961?s=20
Осасуна во финале ќе игра против подобриот во реваншот меѓу Реал Мадрид и Барселона, а каталонскиот гигант има предност од 1-0 од првата средба.