Новинарот Фабрицио Романо објави дека Атлетико сака да го купи најдобриот стрелец во Ла Лига за минатата сезона, украинскиот голгетер Артем Довбик.
Атлетико испрати понуда од 25 милиони евра, но истата беше одбиена затоа што Жирона бара 40 милиони евра за услугите на Довбик.
Украинецот има одлична сезона зад себе во Ла Лига, односно постигна 24 гола и заврши на врвот на листата на стрелци.