Јувентус беше на раб на нов кикс на свој терен, но дури во 97. минута го скрши отпорот на Верона и освои три бода.
„Старата дама“ долго време се мачеше против аутсајдерот ѝ беа поништени и два гола, меѓутоа награда за одличната игра пристигна дури во судиското надополнување, кога младиот Камбиасо погоди за огромна радост на фановите на трибините и победа на својот тим од 1-0.
ВАР технологијата, на Јувентус му поништи два гола и тоа двата на Моизе Кин.
Поранешниот напаѓач на Евертон уште во 13. минута ја стресе гостинската мрежа, но тогаш од ВАР собата констатираа офсајд позиција. Во вториот дел пак ситуацијата беше поинаква, бидејќи славјето на Кин беше расипано поради прекршок. На оваа одлука италијанскиот напаѓач бурно реагираше и заработи жолт картон. Сепак, замената на Алегри во 97. минуга го шокираше гостинот и со деби-гол во дресот на Јувентус донесе победа и три бода за поранешниот шампион.
Три бода со еден гол освои и екипата на Торино, „Биковите“ на Јуриќ го победија Лече на гостинскки терен со 0-1, а единствениот гол го постигна Алесандро Боинџорно.
Нерешено заврши пресметката меѓу Сасуоло и Болоња (1-1). Зирзке ги дсведе гостите во водство, а Даниел Болока израмни за домаќините од Реџо Калабрија.
Престанатите натпревари од десеттото коло се играа во следните два дена, а дерби дуелите се играат во Неапол (Наполи – Милан) и Милано (Интер – Рома).