Голема битка ќе се бие за опстанок во Ла Лига, а Гранада направи чекор напред и најверојатно ќе биде дел од елитата и следната сезона бидејќи славеше против Алавес со 3-2.
Хоселу промаши пенал во 26. минута од мечот, по што следеше мирен период пред да почне голеадата во второто полувреме.
Ескудеро го отвори резултатот за Гранада (1-0) во 50. минута, по што Алавес за пет минути направи пресврт преку Ескаланте и Валјехо (2-1).
Пуертас ја врати неизвесноста во 77. минута кога стрелаше за 2-2, додека триумф на гостите им обезбеди Суарез на три минути пред крајот на регуларниот дел од мечот.
Гранада има 28 бодови на 16. место во Ла Лига, додека Алавес е претпоследен со 22 бода.