По серијата огромни разочарувања и порази, тимот на Херта конечно победи и освои три бода кои многу ќе значат во обидот сезонава да се опстане. Тимот од Берлин на домашен терен го совлада Хофенхајм со 3:0 и тоа со головите на Стар, Белфодил и Тоусар. Херта доминираше на овој меч и пред полните трибини на Олимпискиот стадион заслужи конечно да се радува сезонава.

Со овие три бода, Херта стигна до бројката 26. и е 16 на табелата.

Маинц против Арминија Билефелд на домашен терен ја покажа својата сила победувајќи со 4:0 додека пак, Фрајбург киксираше кај веќе испаднатиот Гројтер Фурт одигрувајќи само 0:0.

Резултати:

Гројтер Фурт – Фрајбург 0:0

Херта – Хофенхајм 3:0

Маинц – Арминија 4:0

Штутгарт – Аугзбург 3:2