Репрезентацијата на Португалија е сигурен патник на Европското првенство запиша уште една нова победа, овојпат против Лихтенштајн.
Селекцијата на Роберто Мартинез гостуваше во Лихтенштајн и влезе како апсолутен фаворит, а го скрши отпорот дури во вториот дел.
Аутсајдерот успеа да се одбрани во првите 45 минути, но вториот дел почна со ефектен гол на Кристијано Роналдо по додавањето од Жота.
Веќе во 57-та беше 2:0 кога бекот на Барса, Жоао Кансело ја затресе мрежата на домашната селекција. До крајот, Португалците постигнаа уште еден гол преку Рамош, но истиот беше поништен од страна на ВАР.
Од оваа група, го добивме и вториот патник на Европското првенство, селекцијата на Словачка која на домашен терен славеше над Исланд со 4-2 и стана 11-та селекција која се пласираше на континенталниот собир.