Манчестер јунајтед се наоѓа пред вистински дебакл во големото дерби против Ливерпул бидејќи губи со 0-5, а глупав потег во завршницата на првото полувреме направи Кристијано Роналдо, кој беше исфрустриран од ужасниот прв дел против „црвените“.

Роналдо беше нервозен поради резултатот, па во еден момент го истури бесот врз неговиот противник, односно почна да го шутира додека тој лежи на тревата.