Фудбалерите на Франција немаа милост и остварија невиден триумф од 14-0 против Гибралтар. Тоа е најубедлива победа на „триколорите“, а и најголем пораз за Гибралтар во историјата.

Килијан Мбапе постигна хет-трик, Оливие Жиру даде два гола, два и Кингсли Коман, а стрелци беа и Клаус, Фофана, Рабио, Дембеле, Маркус Тирам и Заир – Емери, кој стана најмлад стрелец за „триколорите“.

Етан Сантос во третата минута си постигна автогол и ја отвори серијата голови за Французите, а во 18.минута доби и црвен картон.

Холандија ја победи Ирска со 1-0, со голот на Ваут Вегорст во 12.минута и се пласира на ЕВРО 2024.

Швајцарија и Косово ремизираа 1-1, а Романија го победи Израел со 1-2. Швајцарвите и Романците одат на Европското првенство.