Милан оствари уште една победа во италијанската Серија А откако на гости на Сардинија го совлада Калјари со 1-3. „Росонерите“ направија пресврт откако Калјари поведе со голот на Лувумбо. Но, Окафор и Томори донесоа предност за Милан уште на одморот, со два гола за пет минути во финишот на првиот дел.

Во вториот дел, Лофтус-Чик ја потврдува победата на Милан.

Аталанта ја победи Верона со 0-1, со голот на Тун Копмајнерс, а Емполи славеше против Салернитана.