Според полицијата од Манчестер, тој бил приведен на испитување под обвинение за занемарување на своето дете. Според официјалните лица, тој без да размисли што може да се случи, го заклучил синот во хотелската соба и излегол со пријателите во паб со кригли пиво да ја слави елиминацијата на големиот противник. Полицајците го чувале детето, кое било растревожено и уплашено, додека несреќната мајка допатува од северо-истокот на земјата за да го земе.
Мидлсборо се пласира во осминафиналето од ФА-купот по елиминацијата на Јунајтед на пенали, откако средбата заврши со резултат 1-1 по регуларниот дел и продолженијата. Стрелци беа Санчо во првото полувреме и Крукс во второто.