Инцидентот се случи уште во петтата минута од средбата, кога поранешниот српски репрезентативец лошо згазна при еден доскок и најверојатно доживеа тешка повреда на коленото. Тој само се струполи на паркетот, а сите околу него се фатија за глава кога сфатија за каков сериозен проблем се работи.
Лешиќ беше изнесен од теренот на рацете на соиграчите, а речиси е сигурно дека му претстои долга пауза, можеби и крај на кариерата.