Плимут постигна гол од првата шанса кон голот на Челси, откако одбраната на „сините“ реагираше ужасно по еден слободен удар и тоа го искористија гостите за водство од 1-0, по што капитенот Цезар Аспиликуета со пета израмни на 1-1.
Челси напаѓаше во продолжение од мечот и неколку пати погоди пречка и статива, а во продолженијата вториот гол за премиерлигашот го постигна Маркос Алонсо во 107. минута. Сепак, гостите имаа шанси за нов гол, но Харди промаши удар од белата точка против фантастичниот шпански голман.
Вест хем беше на праг до елиминација против Кидерминстер, откако губеше во текот на целиот меч а Деклан Рајс ги спаси најпрво во 91. минута кога погоди за 1-1 и избори продлженија во кои Боуен го постигна вториот погодок за „чеканите“ (2-1)