Големото дерби на „Сантијаго Бернабеу“ меѓу Реал Мадрид и Барселона беше тензично,и со голема борба што е карактеристика за овие дуели.
На крај, првото полуфинале во Копа дел Реј и припадна на Барселона со предност од 0:1, резултат до кој дојде во 26-та минута, а потоа мајсторски го бранеше во цело второ полувреме.
Како пресуден момент се покажа големата грешка на Камавинга кој играше многу добро во последно време, но вечерва едноставно подари контра на гостите. Франк Кеси шутираше, Куртоа одбрани, но топката го погоди Милитао кој си постигна несреќен автогол. Во оваа ситуација, лошо реагираше и Начо кој пропушти да ја расчисти опасноста во последен момент, па по проверката на ВАР, се виде дека не постои офсајд и голот беше признат.
Реал беше принуден да брка негатива во преостанатиот дел од натпреварот, но реалноста вели дека не испрати ниту еден директен шут кон голот на Тер Штеген.
Тимот на Чави дисциплинирано се бранеше и го покри речиси секој сантиметар на теренот, а ја имаше и најголемата шанса за втор гол во мрежата на Куртоа. Кеси за малку ќе постигнеше втор гол, но Ансу Фати се најде на погрешно место и спречи гол за убедливо водство.
https://twitter.com/ESPNFC/status/1631407457129099264?s=20