Поранешниот англиски репрезентативец Питер Крауч ја прозва легендата на Челзи Џон Тери за неговиот однос со судиите кој го имал за време на натпреварите.
За време на емисијата „Back of the net“ на Amazon Prime, Крауч зборуваше за судиите во Премиер лигата, а таму го чепна легендарниот капитен на Челзи, Џон Тери.
Напаѓачот го нарече својот поранешен колега дека имал „одвратен“ начин на додворување на судиите за време на натпреварите. Додека другите играчи би имале почит кон официјалните лица, Тери ги нарекувал по име и зборувал за работи кои не се поврзани со фудбалот.
„Она што ми беше морничаво за време на натпреварите беа ситуациите кога капитените разговараа со судиите. На сите им се обраќав како „арбитри“, така пораснав. Работите се сменија па ги нарекуваа Мајк и Џејмс. Ги нарекуваат по имиња за да ги придобијат на нивна страна. Се сеќавам дека Дарен Флечер беше добар во тоа, но Џон Тери беше неверојатен. Тој ќе му пријдеше на судијата и ќе му кажеше „Мајк, како си, како се членовите на семејството“. „лижејќи“ се околу судијата“, рече Крауч.
Поранешниот напаѓач на Ливерпул и Тотенхем тврди дека Тери на тој начин избегнал картони во играта.
„Судиите секогаш двапати размислуваа дали да му покажат картон. Кога ќе го фаулираше некого во првата минута, тој ќе речеше „извини, Мајк.Тери е првиот играч кој на судиите им се обраќаше по име “, додаде опуштениот Крауч.