Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски е меѓу кандидатите за нов тренер на Хајдук Сплит, пишува „Слободна Далмација“. По оставката на Јенс Густафсон, медиумите во Хрватска веднаш излегоа со имиња за негов можен наследник, а покрај Ангеловски меѓу кандидатите е и Луис Фернандез, славниот француски стратег. Се споменуваат и имињата на Иван Леко, како и на Матјаж Кек.
Во Хајдук Сплит настапува македонскиот репрезентативец Јани Атанасов, а неговиот нов тренер треба да биде познат во наредните неколку дена.
Игор Ангеловски по заминувањето од селекторската позиција беше во конкуренција и за тренер на Фенербахче, но не дојде до соработка со славниот турски клуб.