ПСЖ го претстави Угарте за кој плати 60 милиони евра. Францускиот гигант ПСЖ продолжи со засилувањата за новата сезона, откако синоќа ги промовира Милан Шкрињар и Марко Асенсио, денеска го претстави Мануел Угарте.

Парижаните за трансферот на Угарте му платија 60 милиони евра на Спортинг Лисабон, а талентираниот фудбалер потпиша договор до јуни 2028 година.

ПСЖ претходно доби и нов тренер, а тоа е Луис Енрике кој ќе има мисија да ја освои Лигата на шампиони (ЛШ).

 

https://twitter.com/PSG_inside/status/1677286373622005760?s=20