Португалскиот напаѓач Жоао Феликс имаше кратко интервју за шпански портал, изјави дека не знае дали ќе остане во Барса и следната година, но знае дека еден негов сонародник има огромна желба да го облече дресот на каталонскиот гигант.
Се работи за Бернардо Силва од Манчестер Сити, кој отсекогаш имал симпатии за Барса, а Феликс тврди дека и самиот играч сака да се пресели во Шпанија, каде живее дел од неговото најтесно семејство.
„Доведете го Бернардо Силва и нема да зажалите. Тој е одличен играч и уште подобар човек. Цело време ме прашува за Барселона и мојот престој тука. Во овој град живее и неговото семејство, така што клубот би добил огромно и благородно засилување. Донесете го во Барса, ветувам дека нема да зажалите“, изјави Феликс.
Бернардо Силва е член на „граѓаните“ од 2017 година и досега одигра 227 натпревари. Претходно играше за Монако, а кариерата ја започна во португалскиот гигант, Бенфика.