Шесткратниот европски првак Ливерпул е првиот финалист во Лигата на шампионите откако вечерва како гостин го совлада шпанскиот тим со 3-2 и со вкупни 5-2 си обезбеди место на мечот за титулата.
Виљареал беше на прагот на сензација бидејќи по 45 минути игра водеше со 2-0 и играше фантастично. Во третата минута резултатот го отвори Биа, а пред крајот на полувреме Коклан зголеми на 2-0, на општо изненадување на сите љубители на фудбалот во светот.
Во второто полувреме, Ливерпул притисна, се играше пред противничкиот гол, но се чекаше долго на првиот погодок на гостинскиот тим. Ѕидот го проби Фабињо со силен и прецизен удар, а откако тој го намали резултатот, во период од 13 минути Ливерпул направи тотален пресврт. Луис Дијас со глава израмни на 2-2, а Мане по една неуспешна офсајд-стапица на домашниот тим се погрижи за конечниот резултат.
Својот противник во финалето што ќе се игра на Сен Дени во Париз, Ливерпул ќе го дознае утре, по реваншот од пресметката меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити.