Кошаркарите на Барселона се пласираа на фајнл-фор турнирот во Белград, со победата над Баерн со 81:72 во решавачкиот, петти натпревар во четвртфиналето од плеј-офот во „Блауграна“.
Барселона во полуфиналето во Белградската арена во Ел Класико ќе се судри со Реал.
Бранителот на титулата Ефес во второто полуфинале ќе игра против победникот од Олимпијакос – Монако.
Лапровитола беше најефикасен со 26 поени, Миротиќ додаде 20, Ник Калатес имаше 10 и 5 асистенции, а Абринес и Брендон Дејвис по 8.
Во поразениот тим Отело Хантер постигна 18 поени, Јарамаз 17 за 20 минути, Ник Вајлер Бејби 10, а Лучиќ 4 со 10 скока и 2 асистенции за 30 минути.
Фајнл-форот во Белград е на програмата од 19 до 21 мај.