Тажни вести ни доаѓаат од Шпанија откако Хувентуд потврди дека нивниот поранешен центар Бјенвену Летуни починал на 28-годишна возраст.
Момчето беше високо 224 сантиметри,а му се предвидуваше голема кариера, но на крајот доживеа трагичен крај.
Koнгоанскиот горостас беше еден од највисоките кошаркари на светот и топката можеше да ја закуца во кошот без одраз.
Летуни стигна во Шпанија на 15 години, а во 2009 година го следа многу тимови од НБА-лигата меѓутоа здравствените проблеми го запреа неговиот напредок.
Минатата година се бореше со туберколоза, а во Конго живееше во сиромаштија, па ниту операциите кои му ги плаќаше шпанскиот тим не му помогнаа да оздрави.