Центарот на Минесота, Карл-Ентони Таунс одигра еден од најдобрите натпревари и постави личен рекорд за поени, рекорд во сезоната на НБА и рекорд на АТ&Т Центарот Сан Антонио, предводејќи ги своите Тимбервулфс до победата 149:139 против Спарс.
Незапирливиот Таунс постигнаа 60 поени, од кои седум тројки. Само во третата четвртина тој постигна 32 поени, што е четврти највисок учинок во една четвртина од историјата на НБА лигата.
Благодарение на тој учинок, Таунс влезе во последниот период од натпреварот со 56 поени и 14 скока и со тоа стана само вториот играч во последните 20 години од НБА лигата кој има 50 поени и 10 скока во три четвртини. Пред него тоа го направи Кармело Ентони во 2014 година.
Последен играч пред него кој стигна до крајот на натпреварот со 60 поени и 17 скока беше Шекил О’Нил, кој постигна 61 поен во март 2000 година и фати 23 топки под обрачите.
Карл Мелоун, Шекил О’Нил, Мајкл Џордан, Џејмс Харден и Вилт Чембрлен досега се единствените играчи во историјата на НБА лигата со 60 поени и 15 скока по натпревар.