Холанѓаните како домаќини се фаворити на овој меч, а исто така треба да се каже дека Ајакс има импресивен ефект во дуелите со Бенфика. Статистиката вели дека Ајакс нема загубено на последните седум натпревари против Бенфика или од 1969 година. Во 2018 година овие два тима се соочија во групната фаза на ЛШ и одиграа 1:1 во Лисабон, додека Ајакс победи дома со 1:0 со гол на Мазруи во 90. минута.
Тренерот на Ајакс Ерик тен Хаг се надева дека може да го има на располагање Едсон Алварес.Најголемите очекувања на гигантот од Амстердам се од Себастијан Але кој има импресивен голгетерски ефект сезонава. На првиот меч во Португалија играчот од БС Коска даде гол, но си постигна и автогол.
Но мотив за победа покажа и тренерот на Бенфика Нелсон Верисимо. Според него Бенфика може да пројде понатаму иако не се наоѓа во импресивна форма. Проблем за тимот ќе биде отсуството на Харис Сеферовиќ, а се очекува нападот да го предводи Дарвин Нунес.
Бенфика ќе се обиде петти пат да стигне до четвртфиналето. Ајакс пред три сезони стигна дури до полуфиналето, а ете шанса да го повтори тој успех.
ОСМИНАФИНАЛЕ – РЕВАНШИ
АЈАКС – БЕНФИКА 21:00 ч.
Прв меч: 2:2
МАН.ЈУНАЈТЕД – АТЛЕТИКО 21:00 ч.
Прв меч: 1:1