Стартуваше Европскотп првенство во Германија со вистинска голеада. Фудбалската репрезентација на Германија со моќна партија ја декласира селекцијата на Шкотска со 5-1 (3-0), на отворањето на Европското првенство. Натпреварот на „Алијанц Арената“ понуди одлична партија за „панцерите“ од кои навивачите имаат највисоки очекувања. Шкотланѓаните не беа вистински ривал за германскиот тим кој уште во првиот дел имаше три гола предност.

 Домаќинот немаше милост за противникот и сѐ беше решено за само едно полувреме.

Флоријан Вирц уште во десеттата минута донесе водство за Германија, а девет минути подоцна Џамал Мусијала зголеми на 2-0.

 

Каи Хаверц од пенал беше стрелец во 45.минута, откако Портеус грубо стартуваше над Илкај Гундоган. Клемен Турпан по асистенција од ВАР собата му додели црвен картон и покажа на белата точка.
Во второто полувреме, Никлас Фулкруг постигна и четврти гол за Германците во 67.минута.

Рудигер со автогол им помогна на Шкотланѓаните да постигнат почесен гол, а Емре Џан ја заокружи голеадата со петти гол во 93.минута од дуелот.