Вардар најавуваше експресно враќање во Првата лига, но не успеа да регистрира ниту едно од многуте засилувања кои ги донесе, па денешниот меч го одигра претежно со младински тим и дел од поискусните фудбалери кои играа и минатата сезона.
Со еден таков состав тешко можеше да се очекува дека Вардар ќе ги освои сите три бода во Дебар, па и ремито може да се оцени како солиден резултат.
За разлика од Вардар, Силекс и Воска Спорт тргнаа уверливо на стартот во Втората лига, и со 3-0 славеа на гостувањето кај Кадино, односно во Гостивар.
Втора лига – Запад (1. коло)
Кораби – Вардар 0:0
Кадино – Силекс 0:3
Тетекс – Велешта 2:1
Гостивар – Воска Спорт 0:4
Охрид – Беса 4:1