Фудбалерите на Холандија се последните полуфиналисти на Европското првенство. Селекцијата на Роналд Куман закажа полуфинален дуел со Англија откако со пресврт (2-1) ја совлада Турција.
Самет Акајдин во 35.минута по нафрлена топка на Ѓулер од корнер, со удар со глава донесе водство за Турција.
Во вториот дел, сепак, Холанѓаните направија целосен пресврт.
Стефан Де Фрај во 70.минута израмни со удар со глава, а шест минути подоцна се случи целосен пресврт. Мулдур во обид да расчисти во дуелот со Гакпо, на крајот си ја затресе сопствената мрежа.
Турција во финишот создаде две големи прилики, меѓутоа реализацијата изостана, па Холандија обезбеди полуфинале во кое ќе игра против Англија.