Екипата на Вест Хем го декласира Фрајбург со 5-0 и му се одмазди за минималниот пораз во Германија. „Чеканите“ го сомлеа германскиот претставник и ја наполнија неговата мрежа. Лукас Пакета и Џерод Боуен беа стрелци за Вест Хем до полувремето, а во вториот дел голови постигнаа Кресвел и двапати Кудус.

Вест Хем со победата се пласира во четвртфиналето на Лига Европа, иако по првиот меч имаше негатива од еден гол.

 

Шпанскиот Виљареал оствари пирова победа против Олимпик Марсеј со 3-1 (1-0). Францускиот тим допатува во Шпанија со четири гола предност. За Виљареал погодија Капу, Сорлот и Москера, додека во финишот Клаус го ублажи поразот.

Извлекувањето за четвртфиналната фаза е в петок во 13:00 часот.