Бенфика триумфира на гости кај Глазгов Ренџерс, минимално со 0-1 (0-0) во највозбудливиот реванш натпревар од осминафиналето од Лига Европа. Откако во Лисабон натпреварот заврши без победник (2-2), сега Португалците се радуваа на „Ајброкс парк“ во Глазгов.

Двата тима одиграа израмнет натпревар немаше шанси во првиот дел, а единствениот гол падна во 66. минута од дуелот. Рафа Силва успеа да постигне гол за Бенфика, меѓутоа судиите сигнализираа офсајд. Сепак, тогаш се јавија од ВАР и му укажаа на главниот арбитар дека немало недозволена позиција и португалската прослава започна. До крајот на средбата Ренџерс се обиде да се врати во игра, меѓутоа не успеа да направи кам-бек.

Екипата на Милан славеше против Славија (1-3) во Прага. На „Сан Сиро“ беше 4-2, а на „Фортуна Арената“ текот на настаните беше сличен. Капитенот на чешкиот тим Холес го згазна Калабрија и „поцрвене“. Тимот на Стефано Пиоли го искористи тоа и до полувремето даде три погодоци.

Резултатот го отвори Кристијан Пулишиќ во 33. минута, а само три минути подоцна гол постигна и Рубен Лофтус Чик. Во шестата минута од продолжението  Рафаел Леао погоди за 0-3. Темпото на игра во вториот дел опадна, па Јурашек во финишот го намали поразот на Славија.