Екипата на Рајо Валјекано ја победи Осасуна со 2-1 на својот „Валјекас“ во Мадрид, во 32.коло од Ла Лига.
Со овој триумф Рајо практично обезбеди опстанок, бидејќи се искачи на 14. позиција со 34 бодови, девет повеќе од Кадиз, додека Осасуна долго време е на средината на табелата и нема многу мотивација на крајот од сезоната, моментно е на 11. место со 39 бодови.
Сепак, Осасуна успеа да поведе во 29. минута кога Гомез ја искористи асистенцијата на Гарсија за 0-1, совладувајќи го Столе Димитриевски, што беше и резултат на првото полувреме.
Рајо Валјекано победи во самиот финиш, бидејќи Чаварија погоди во 80. минута за израмнување, а потоа во 84. минута Палазон ги постави конечните 2:1.
Во следното коло Рајо Валјекано гостува кај Вилјареал, додека Осасуна игра со Гранада.