Легендарниот германски центарфор Јирген Клинсман, светски првак со Германија од 1990 година предвидува дека Бразил ќе биде светски првак на претстојниот Мундијал во Катар, кој во недела стартува со мечот Катар – Еквадор.
Клинсман кој беше селектор на Германија, а потоа и на САД, во Катар доаѓа како стручен коментатор за „Би-Би-Си“ и во најавата веќе посочи дека на овој Мундијал гледа Јужноамерикански победник после две децении откако Бразил во 2002 година последен пат го крена пехарот.
„Секогаш е главно прашање пред СП кој ќе го освои пехарот, а овојпат како фаворити ги гледам Бразил и Аргентина, две селекции кои доаѓаат гладни за трофеи и после многу квалитетни настапи во квалификациите.
Лионел Меси е главната сила на Аргентина, има 35 години и знае дека мора да оди по својот прв светски трофеј. Бразил е квалитетен на секоја позиција, во изминатите години многу ги гледав и бев импресиониран. Доаѓаат во Катар да го освојат СП и – ќе го освојат“, вели Клинсман.