Екипата на Манчестер Сити се спаси во самиот финиш, постигна гол во екстра-времето против Њукасл Јунајтед и така дојде до голема победа (3-2) со која ја продолжува потерата по Ливерпул кој е лидер во Премиер лигата.
<
„Граѓаните“ на Пеп се намачија за да победат кај „страчките“, иако против нив имаа позитивна низа и историја. Победничкиот гол падна во самиот финиш, додека се играше 91. минута, а стрелец беше 20-годишниот напаѓач Оскар Боб, кој го даде првенецот во Премиер лигата.
Свој ден имаше и Кевин де Брујне кој се врати од повредата во второто полувреме, па даде гол за израмнување и асистираше за победата. Во првото полувреме Сити поведе во 26 минута преку Бернардо Силва со извонреден гол, додека Александер Исак во 35 минута и Ентони Гордон по две минути дадоа два гола за Њукасл и на домашниот тим му донесоа предност на паузата.
Манчестер Сити е на второто место во Премиер лигата со 43 бода, додека Ливерпул е лидер со 45 бода.
Пеп Гвардиола ги повлече сите адути од клупата, го внесе Кевин де Бруин, а тој постигна гол за израмнување во 74.минута. Победничкиот гол беше дело на младиот Оскар Боб во 91.минута од мечот.