Ракометната репрезентација на Словенија со една нога е во втората фаза на Европското првенство во Германија. Словенците беа убедливи со Полска (32-25) и ако Норвешка ги победи Фарски Острови, тогаш двете селекции со 2/2 патуваат во следна рунда.
Уште од почетокот фаворитот на хартија наметна свое темпо и дојде до важната победа. Полјаците кои на ЕП дојдоа подмладени парираа до 9-9, па се распаднаа. Со првата серија, Словенија замина на 10-14, а до паузата предноста порасна на шест гола (14-20).
Во второто полувреме Полска во ниту еден наврат не претставуваше опасност, а водството цело време беше над шест гола. Најдобар кај Словенија беше Маргуч со шест голови, пред Кодрин и Бомбач со по пет, а кај Полска, Сичко, Пиетрашик и Олејничак погодија по четири пати.
Во последното коло Словенија и Норвешка играат дерби за првото место, додека во вториот дуел се среќаваат Полска и Фарски Острови.
Многу блиску до пласман во следната фаза се и селекциите на Чешка и Холандија кои денеска ги остварија вторите победи на првенството.
РЕЗУЛТАТИ
БиХ – Холандија 20-36
Чешка – Португалија 27-30
Полска – Словенија 25-32