Од претходно, по елиминацијата на Мешков Брест беше познато дека Вардар 1961 за место во четвртфиналето ќе се бори против унгарски Веспрем. Актуелниот македонски првак ќе биде домаќин на првата пресметка. Од таборот на унгарскиот тим вчера испратија силна порака од Париз (постигнаа 40 гола), Давид Дејвис, некогашниот стратег на овој клуб ќе мора да подготви добра одбрана, во спротивно мрежата на „црвено-црните“ нема да мирува.
Веспрем има лошо искуство кога станува збор за важни мечеви и тоа во времето кога Шпанецот беше на нивната клупа. Во 2019 година, Вардар 1961 стана по вторпат првак во ЛШ и тоа на сметка на овој тим.
Тогаш Давид Дејвис не успеа да им донесе радост на Унгарците, беше надмудрен од сонардоникот Роберто Гарсија Парондо, а годината потоа, мораше да се раздели со Веспрем, откако не ги исполни целите.
Сега, прашањето е дали Дејвис кој нема пораз во ЛШ откако застана на чело на Вардар ќе успее да најде решение за силниот состав на Веспрем. Неговите момци играат добро, но за место во четвртфиналето ќе треба многу повеќе.
Патот до Келн е тежок. Ако Веспрем падне, последна пречка е Алборг, тим кој групната фаза ја заврши како лидер во групата А.Носени од историјата, чудата сепак се возможни, треба малку среќа, повеќе тактика и магија, шпанската секогаш успевала.
ДВОЈКИ 1/8 ФИНАЛЕ: Фленсбург – Пик Сегед, Елверум – ПСЖ, Порто – Монпеље, Вардар 1961 – Веспрем