Мaјкл Акповие Олисе моментално е најбараниот играч во светот но не го посакуваат клубовите, туку репрезентациите. 20-годишниот играч од средниот ред игра одлично во Премиер лигата, сезонава постигна четири гола и асистираше осум пати за Кристал Палас. Интересно, овој фудбалер со голем потенцијал може да игра за четири различни репрезентации: Франција, Англија, Нигерија и Алжир.

Роден е во Англија, каде што поминал низ фудбалските школи на Челзи и Манчестер Сити. Но, после тоа заврши во Ридинг, од каде пристигна во Кристал Палас. Неговиот брат Ричард веќе настапува за репрезентацијата на Англија до 16 години. Но, ако Мајкл не одлучи да игра за Англија, тоа нема да биде прв пат двајцата браќа да играат за различни репрезентации.

Бидејќи мајката на Мајкл е родена во Франција, Мајкл засега одлучи да ја избере француската репрезентација. Тој одигра два натпревари за нивната репрезентација до 18 години. Неговиот татко е Нигериец, а Нигерија го вклучи меѓу резервите на натпреварите од Купот на африканските нации. Исто така, неговата мајка има алжирски корени, но Алжир сè уште не направила потег за да го убеди да застане за нив.