Чуден ас е виден на мечот меѓу американските тенисери Максим Креси и Кристофер Еубенкс.

По три сета, Еубенкс славеше против сонародникот Креси со 5:7, 7:6, 6:4 и се пласираше во второто коло на Индијан Велс.

Покрај ривалите, тенисерите на почетокот на Индијан Велс се мачеа и со силни ветрови, кои создаваа големи проблеми во играта.

Креси, кој има силен удар и исклучително добар сервис, испука многу асови, но најчудното всушност пристигна на овој меч одигран синоќа против Еубенкс.

На мечот имаше вкупно 15 асови, а во вториот сет со помош на ветрот го изненади противникот и доби поен на сервис иако изгледаше дека топката ќе заврши далеку во аут.

„Никогаш не сум видел такво нешто во мојот живот“, рече коментаторот потоа.