Коментарот на легендарниот Конор Мекгрегор на сметка на големиот УФЦ-шампион, Александар Волкановски, да не случајно е Полјак сакајќи да потенцира дека за него тој е непознат, донесе жестока дебата на Твитер за потеклото на борецот, кој за себе вели дека е Австралиец со македонско потекло.
Неговиот татко е роден во селото Беранци во близина на Битола, а иако за својата мајка вели дека е Гркинка и таа може да се каже дека е поврзана со нашата држава бидејќи потекнува од Егејска Македонија каде што нејзиното семејство морало присилно да го земе презимето Калменидис. во коментарите има и едно видео од Тик-Ток во кое Александар Велики самиот кажува од каде потекнува, но има и многу обиди на бугарски и грчки фанови да го присвојат преку присвојување на Македонија.
„Мојот татко е Македонец, а Волкановски е македонско презиме. Мојата мајка е Гркинка, моминското презиме ѝ е Калменидис. Значи, татко Македонец, мајка Гркинка“, вели големиот УФЦ шампион во перолесна категорија.
Без разлика што настапува под австралиско знаме, тој неретко сака да се фотографира со македонското знаме со сонцето од Кутлеш, а неодамна покажа дека е љубител и на македонската музика. Тој неодамна се фотографираше со група македонски пејачи на турнеја во Австралија, меѓу кои беа и Влатко Лозановски и браќата Мартин и Стефан од „Некст Тајм“.