Дуелот меѓу двајцата тенисери почна вчера, кога Ѓоковиќ ги доби првите два сета во тај-брејк со по 7-6, а потоа мечот мораше да биде прекинат поради „полицискиот час“.
Натпреварот продолжи денеска, а полскиот тенисер покажа заби и го освои третиот сет со 7-5, меѓутоа Ѓоковиќ го доби следниот со 6-4 и така го обезбеди својот пласман во четвртфинале.
Ѓоковиќ за полуфинале на Вимблдон ќе се бори против Русинот Андреј Рубљев.