Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа загуби во финалето во Оломуц, Чешка, откако во два сета (6-2 и 7-6) славеше чешката тенисерка Сара Бејлек.
Бејлек играше одлично во првиот сет, кога направи брејк во четвртиот гем за водство од 3-1, а потоа уште еднаш ѝ го одзема сервисот на Ѓорческа за 6-2.
Ѓорческа тргна многу подобро и веднаш направи брејк во вториот сет, но потоа следеа неколку брејка на двете страни, по што мечот влезе во тај-брејк, каде што подобра беше тенисерката од Чешка, која славеше со 7-0.