Елиф Елмас продолжува со одлични игри во дресот на Торино, и денес постигна нов гол во Серија А, а неговиот тим одигра нерешено (1-1) против Верона.
Македонскиот репрезентативец Елмас голот го постигна во 67. минута, кога прими топка во казнениот простор од Никола Влашиќ и со одличен удар го израмни резултатот, и донесе бод за неговиот тим Торино.
Претходно, Торино имаше прилика да дојде до водство по пеналот во 62. минута, но Че Адамс не успеа да го реализира, а казната стигна две минути подоцна со голот на Верона во 64. минута што го постигна Амин Сар.
Торино се наоѓа на десеттата позиција во Серија А со 40 бода, додека Верона е на четиринаесеттото место со 31 бод.
ОВДЕ можете да го погледнете голот на Елмас против Верона.
⚽️ GOAL: Eljif Elmas
— Goals Xtra (@GoalsXtra) April 6, 2025
🇮🇹 Torino 1-1 Hellas Veronahttps://t.co/hgR49YHxlb